Saturday, November 2, 2024
17.8 C
Skopje

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ПРИ ШТО ИЗРАЗИ ЛУТИНА: ИМАМЕ НОВ ЗАРАЗЕН СО КОРОНА ВИРУС, СЕ РАБОТИ ЗА ДИРЕКТОРКАТА НА КЛИНИКАТА ЗА КОЖНИ БОЛЕСТИ КОЈА НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛА ПРЕПОРАКИТЕ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека доцна синоќа на Клиниката за инфективни болести беше дијагностициран уште еден случај на пациентка позитивна на корона вирусот.

„Таа во текот на претпладнево се хоспитализира на Клиниката за инфективни болести. Нејзината состојба е стабилна со лесна клиничка форма, исто како и состојбата на двајцата сопружници претходно хоспитализирани. Состојбата на прво заболената е практично целосно стабилизирана. Во текот на денешниот ден или утре ќе се направи контролниот тест, после што ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница.

Морам да изразам огромно разочарување, во контекст на непочитувањето на препораките и апелите на задолжителната автоизолација, после секое патување во ризичните региони. Ве информирам дека пациентката е жена, наша колешка-лекар која пред една недела допатувала од Италија. Таа докторка е директорка на Клиниката за кожни болести, и практично после враќањето во земјава во изминатите пет работни дена одела редовно на работа“, потенцираше министерот Филипче.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ – ФИЛИПЧЕ = 5:1 ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ ИМА НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА КАЈ НАРОДОТ

Довербата во владејачката партија изнесува 26%, далеку пред другите...

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ДЕНЕШНОТО ПУКАЊЕ ВО АРАЧИНОВО

Едно од двете повредени лица во денешниот оружен инцидент...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ