ПОТВРДЕНО : ЗУДИ ЕНУЗИ КОКА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЕПСО – ОД ЕДНО НА ДРУГО ДИРЕКТОРСКО МЕСТО

0
338

Зуди Енузи Кока чека со неговиот избор формално да се согласат во Владата и тој да седне во првата фотелја на таа институција и да го замени Сурија Рашиди, кој пак, со излегувањето на Алтернатива од Владата, го замени Орхан Муртезани. За оваа примамлива функција МКД.мк од Алијанса за Албанците и официјално доби потврда дека Енузи Кока е нивниот избор за таа прва функција. Енузи инаку, беше директор на скопското Комунално претпријатие, ама откако неговиот брат Цуфи Кока во јули мината година пукаше кон Македонци – демонстранти, беше разрешен од градоначалничката Данела Арсовска.

Градоначалничката Арсовска одлуката за разрешување ја донесе откако беше потврдено дека брат му на Енузи Кока, Цуфи Кока стрелаше со пиштол на плоштадот Скендер Бег за време на протестите. Во истото време на местото крај кое поминувале демонстрантите бил и Енузи Кока, кому сега му се насмевна функцијата директор на МЕПСО.

Тогаш Енузи Кока, како и неговиот татко, тврдеа дека било пукнато само како заплашување на демонстрантите, а во одбрана на приватниот хотел лоциран тука на плоштадот Скендербег.

Познато е дека при изборот на директорските функции главниот збор го имаат партиите кои предлагаат свои кадри, додека Владата и институциите, по правило, таквиот избор го официјализираат.