ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СТОИЛКОВСКИ ГО ПОЗДРАВИ АЛИ АХМЕТИ СО ЈАДЕЊЕ БИСКВИТИ ВО КОЛА : ,,ПОЗДРАВ АЛИ”

0
119

Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.

Еден од портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска на своите профили на социјалните мрежи објави кусо видео во кое, јадејќи бисквита, упати саркастичка порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На видеоснимката, Стоилковски е седнат на едно од предните седишта во автомобил од каде што вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.

На крајот вели – „Поздрав, Али“ – мислејќи на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.