ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПРИВИЛЕГИИТЕ И СЕ ВРАЌА КАКО ПРОФЕСОР НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

0
463

Извори на ТВ21 дознаваат дека претседателот Стево Пендаровски на кој му завршува мандатот ќе се откаже од привилегиите кои му следуваат согласно законот.

Пендаровски најверојатно нема да користи државен кабинет со работници и доживотна државна пензија. Според нашите извори тој најверојатно ќе се врати како професор на реномираниот меѓународен универзитет Американ Колеџ Скопје.
Како што дознава ТВ21, Пендаровски веќе започнал со консултации со бордот на Универзитетот, но и со други соработници околу неговото враќање како професор.

Пендаровски како професор работеше и пред да ја преземе функцијата, претседател на државата. Тогаш студентите често знаеја да речат дека тој е нивниот омилен професор.

Универзитетот Американ Колеџ Скопје, важи за еден од приватните универзитети во земјава со неколку меѓународни акредитации. Таму предаваат професори од меѓународни реномирани универзитети, но и видни членови, односно поранешни политичари од двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои сега не се политички активни.

Преходните председатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов ги користат привилегиите од законот за екс председатели – пензија во висина на плататата на шефот на државта,кабинет со секретарка и автомобил со шофер. Пендаровски неодамна и јавно најави дека ќе се откаже од привилегиите кои ги користат неговите претходници и ќе се врати на работното место од каде што дојде на функцијата пеф на државата.