ПОРАДИ ВАКВИ МАФИЈАШКИ И УДБАШКИ МЕТОДИ НА ВЛАДЕЕЊЕ ГРУЕВЦИ ЌЕ СКАПАТ ВО ЗАТВОР А МАКЕДОНИЈА ДОЛГИ ГОДИНИ ЌЕ ПЛАЌА ПЕНАЛИ : ДБК ГО СЛЕДЕЛА И ПРИСЛУШКУВАЛА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ДОДЕКА БИЛ ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ!!!

0
1271

Додека бил технички министер, УБК го следела и му водела досие, откри министерот за внатрешни работи Спасовски на денешната собраниска комисија за безбедност на која се расправаше за реформските закони со кои УБК ќе биде заменета со национална агенција за безбедност.

Опозицијата но и сите останати пратеници ја поддржаа потребата од носењето на реформските закони за тајните служби.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од независната група имаат свои забелешки на актуелните верзии на законите за национална агенција за безбедност и за координација на разузнавачката заедница, но тие ќе ги предложат и како амандмани.

Најголеми замерки се за надзорот на новата агенција и за техничката опрема која ќе може да се користи во итни акции. Планот е со новите закони да се спречат злоупотреби на службата, а новата агенција треба да се пресели од МВР, да го смени името и да почне со работа од први јуни.