ПОЛИЦИЈАТА ПО НАЛОГ НА ОЈО ИЗВРШИ УПАД ВО ДОМОТ НА УРЕДНИКОТ НА ПОРТАЛОТ ,,ДОКАЗМ” МАРЈАН СТАМЕНКОВСКИ

0
1161

Доцна попладневно полицијата упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае.

Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ.

Полицијата врши комплетен претрес во домот на Стаменковски, во обид да најде докази за извршени противзаконски дејствија.

Во моментов, не се знае точно што бара полицијата. Според сознанија на Плусинфо, можно е претресот да е поврзан со написи на Марјан Стаменковски за полицијата и за Јавното обвинителство.

Стаменковски има помош од адвокат, но МВР засега не соопштува ништо за настанот.

Извор : Плусинфо