ПОКРАЈ СО ПАНДЕМИЈАТА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ СЕГА ТРЕБА ДА СЕ БОРАТ И ПРОТИВ СУЕТНИОТ ЕПИДЕМИОЛОГ ЃЕРО

0
796

Автор: Ѓ.Куцулов

Еве каков апел прочитав денеска на еден македонски портал:

„Време е за нова стратегија! Апелирам на совеста на луѓето од здравствените власти и на сите кои одлучуваат многу сериозно да се размислат и за сопствената колективна, но и лична професионална и човечка одговорност за одлучувањето“.

Читајќи го текстот човек ќе си претпостави дека тоа е напишано од директорот на СЗО или друг некој врвен епидемиолог. Е не е. Од Героски е.

И се ќе беше можеби и некако неприметно(оти апелџии деновиве се изнаслушавме и изнагледавме), ако не беше моментот кога новинарот во стилот на водач на либерална фракција, која се бори против некоја воинствена хунта во Африка, не повикаше на „совеста на луѓето од здраствените власти“. Е тоа навистина ме потресе.

Каде ти мој златен Ѓеро досега виде несовесно работење? Да не е министерот со епидемиолозите на Бахамите па ги повикуваш на совесно работење. Да не седат по софри во кафеани или си свиркаат самоизолирани.

И ај нека ти е тоа првото, ама де дообјасни бе Ѓеро што ти значи тоа „да размислат за сопствената колективна, но и лична професионална и човечка одговорност“? Ти бе срце да не планираш апсења после ова ако не ти удоволат на суетата. Ами тогаш такви како тебе на шпанските и италијанските здраствени власти ќе треба по плоштади да ги бесат.

Глупостите што ги тресеш подолу во текстот, обвинувајќи ги епидемиолозите зошто не биле „Видовида Клеопатра“, па да го стават Куманово во карантин од порано, нема да ги коментирам.

Не знам оти Ѓеро толку ме разочара. Ако си перјаница на новинарството ќе се чукнеше во главата и најпрвин ќе размислеше со какви ресурси располага нашата сиромашна земја, пред да бараш и апелираш.

Јас само можам да ги поздравам и да им дадам подршка на оние кои се на првата линија, а ти па си апелирај да ти ставаат лајкови.

А за тоа што ти со својата врвна медицинска експертиза по долгогодишни акумулирани знања од епидемиологијата и сузбивање на пандемии, бараш повеќе тестирања, еве ти ја табелата и слушај што кажа Филипче:

– Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители. Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава.