(ВИДЕО) Шилегов: Пуштањето прислушувани разговори по косовски медиуми е масло на Груевски и Мијалков

0
995

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, обвини дека нарачаните текстови по курирски медиуми и пуштање прислушувани разговори по косовски медиуми се очигледно масло на ВМРО-ДПМНЕ, на нарачателите на прислушувањето во Македонија, обвинетиот Груевски и осомничените Мијалков и Јанкулоска.silegov2609

Тој рече дека сите разговори од „Вистината за Македонија“ што ги поседуваше СДСМ се во Специјалното јавно обвинителство.

– Предупредивме дека нарачателите на прислушувањето, Груевски, Мијалков и соработниците ќе се обидат да користат материјали што ги поседуваат за уцени за разни цели и тоа сега се покажува со пораките што очигледно му ги праќаат на коалицискиот партнер Ахмети.

Ако фамилијата мисли дека со овој потег влева несигурност кај граѓаните – им порачуваме дека пукаат во празно – стравот е сега преселен кај обвинетиот Груевски и осомничените Мијалков и Јанкулоска, зашто правдата доаѓа. Граѓаните го надминаа стравот и сега единствено што ги интересира е одговорност за прислушувањето и одговорниот да одговара.

Бараме од СЈО и од правосудството да го санкционира нелегалното прислушување.  Казната за тој што прислушувал е најголема гаранција дека тоа зло нема да се повтори – рече Шилегов.

Тој порача дека медиумите кои по задача на Груевски лажат дека прислушуваните разговори биле наводно објавувани од СДСМ, ќе одговараат на суд за клеветите што ги шират.