ПОГЛЕДНЕТЕ САМО КАКО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ УСПЕА ДА ГО НАПРАВИ ГРАДСКИОТ ПАРК ОД ВИСТИНСКА ДИВА ДЕПОНИЈА ДО ВИСТИНСКО МЕСТО ЗА УЖИВАЊЕ ВО ЗЕЛЕНИЛО И ВО РЕКРЕАЦИИ

0
1174

🌳 Градскиот парк во Скопје е една од омилените дестинации на сите скопјани кои сакаат рекреација, секојдневни прошетки или едноставно уживање во природата која се наоѓа во најголемиот зелен простор во Скопје. Но и покрај тоа што паркот располага со огромен број на зелени површини, не секогаш тие беа прилагодени за секојдневно користење и дел од нив беа во запуштена и обрасната состојба.

Токму затоа, некои од нив ги прилагодивме и трансформиравме во нова содржина која му недостасуваше на градот и сите оние кои сакаа да внесат малку адреналин во секојдневното возење на велосипеди. 🚴‍♂️

Од самото отворање, памптрекот во Градскиот парк кој е втор ваков во Скопје, стана атрактивна и омилена дестинација на најмладите велосипедисти кои секоја слободна прилика ја користат за возбудливо возење по оваа мини адреналинска патека за забава. 🛹🛴🚲

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.