ТРИЧКО : БОЉЕ БИТИ МРТАВ НЕГО ВАКЦИНИРАН, НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА

0
1182

Боље бити мртав него вакциниран

На некој невакциниран тип, од Ковид 19 му умрела невакцинираната жена. Потоа му умрел невакцинираниот син.

Само три ден потоа умрела невакцинираната мајка на жена му. Потоа во еден ден умреле татко му и мајка му, кои тој ги убедил да не се вакцинираат.

Од истата болест во истиот период умреле пола маало, се живо и диво невакцинирано. Заедно со невакцинираната комшивка која му била швалерка. Умрел и невакцинираниот тип на кој му бил позајмил милион евра.

И после толку многу смртови, невакцинираниот за Телма изјавил: Никогаш Северна, секогаш Македонија! Одел по улиците и пеел: Боље бити мртав него вакциниран, боље бити мртав него вакциниран, вирус не зна да смо били сретни пар, биље бити мртав него вакциниран.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски.