ОПАААА, ШТО Е ОВА БЕ ВМРОВЦИ?! ГЛЕЈТЕ ШТО ПРАВИ МЕРКЕЛ И БУНДЕСТАГОТ, НА 26 СЕПТЕМВРИ ЌЕ И ДАДАТ НА МАКЕДОНИЈА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ПРЕГОВОРИ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

0
1224

Германскиот Бундестаг ќе даде зелено светло за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, а на седницата која ќе се одржи на 26 септември кога на дневен ред ќе се најде точката за нашата апликација, лично ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи каде домаќин ќе му биде претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле.

Османи ова го најави во изјавата за медиумите по средбата со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот.

– Од Рот добив уверување дека тие како Влада ќе застанат цврсто во барањето од Бундерстагот да даде зелено светло за Северна Македонија, кој на оваа тема ќе расправа за една недела. Сметам дека се движиме во вистинска насока, поддршката од Германија ни е апсолутно клучна, и очекувам дека сите овие напори ќе резултираат со одлука во октомври за старт на преговорите. Потврдата од германскиот Бундестаг ќе претставува зелено светло и за министерот Рот и воопшто за Владата на Германија и канцеларката Меркел, на претстојните состаноци во октомври на Европскиот совет да ја потврдат одлуката за старт на преговорите, изјави Османи за медиумите.

Османи во рамки на посетата на Берлин реферираше и за последните актуелности во земјава, нагласувајќи дека Владата е истрајна и посветена во отстранувањето на сите формални и неформални забелешки кои можат да претставуваат предизвик за одлуката во октомври.

– Остваривме напредок во сите посочени области од страна на Европскиот Совет, и во континуитет остваруваме солиден „трек-рекорд“, успешна имплементација на донесените реформи, истакна Османи.

Од Берлин, Османи патува за Варшава, каде што ќе има средба со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе разговара и со шефот на полската дипломатија Јацек Чапутович.

Посетите на Берлин и Варшава се дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи низ европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.