ПОВЛЕЧЕН ПРЕДЛОГОТ ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА СУДИЈА ВО УСТАВЕН СУД

0
236

Предлогот за кандидатот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд е повлечен, согласно тоа беше исцрпен дневниот ред од 13. седница на Комисијата за избор и именувања и расправата во Собранието на Република Северна Македонија заврши.

Денешната расправа беше 25 продолжение на 13.седница на Комисијата на која се одвиваше дебата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески, кој во меѓувреме се пензионираше и веќе не е јавен обвинител.

Јовески беше еден од кандидатите предложени од СДСМ за работа во Уставниот суд.

Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието.