СУДБИНАТА СИ ПОИГРА СО ВМРО ДПМНЕ: БАШ НА СИТЕЛ СЕ ОБЈАВИ ВЕСТА ДЕКА ЌЕ БИДАТ УШТЕ 4 ГОДИНИ ВО ОПОЗИЦИЈА – ВО ВЕНКО ВЕРУВААТ 78% ОД НАРОДОТ!!!!

0
830

Иако се бележи благо намалување, сепак граѓаните и натаму во големо мнозинство им даваат поддршка на рестриктивните мерки за заштита од Корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење, кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според резултатите од истражувањето 57,5 отсто од граѓаните сметаат дека воведените мерки се соодветни, 21,2 отсто ги сметаат за, а 13,2 проценти за недоволни.

Во споредба со истражувањето кое за Детектор ИПИС го спроведе на почетокот на кризата во март, за 5 процентни поени пораснале граѓаните кои сметаат
дека мерките се соодветни, а за 3,2 процентни поени се намалил бројот на граѓани кои мерките ги сметаат за соодветни. Најголема промена има меѓу граѓаните кои мерките ги сметаат за недоволни. Ако во март 20 отсто од граѓаните сметале дека мерките не се доволни, сега тој процент паднал на 13,2 отсто.

Благо намалување бележи и поддршката за министерот за здравство Венко Филипче од чија работа како задоволни се изјасниле 78,3 отсто од анкетираните, што е помалку во однос на оние 80 отсто, кои кои беа регистрирани во мартовската анкета.

Кога станува збор за граѓаните кои не се задоволни од работата на министерот Филипче, нивниот број од 11 отсто во март, пораснал на 15,2 отсто во април. 71,2 отсто од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во однос на кризата со корона вирусот, додека 22,2 отсто велат дека не се.

Во однос на претходно истражување на јавното мислење во март, задоволството на граѓаните од работата на надлежните паднало за 8 процентни поени за месец дена, а за 8,2 процентни поени пораснало незадоволството во истиот период.

Резултатите покажуваат дека 77,2 од анкетираните сметаат дека мерките кои ги преземаат надлежните го спречуваат ширењето на вирусот, додека 17,9 отсто не се убедени во тоа.

Помалку од половина од анкетираните сметаат дека македонското здравство има ресурси за да се справи со кризата. Ваков став делат 41.2 отсто од анкетираните, додека 35,2 проценти се убедени во спротивното.

Во споредба со истражувањето во март, не се бележат значителни промени кај
расположението на граѓаните . 40,7 отсто од анкетираните граѓани велат дека се задоволни од начинот на кој се врши тестирањето за присуство на корона вирусот. 33,8 отсто велат дека не се задоволни, а 25,5 проценти немаат одговор на ова
прашање.

Повеќе од една третина од анкетираните очекуваат нормализација на состојбата до крајот на мај. Ваков став имаат 36,6 проценти од анкетираните, 18,3 отсто очекуваат нормализација до крајот на јуни, а 12,1 проценти до крајот на месец април. 7,2 отсто од анкетираните сметаат дека нормализација ќе имаме дури во септември, 5,1 отсто до крајот на годината, а 1,3 проценти следната година .

Граѓаните и натаму најмногу стравуваат од економската криза предизвикана од корона вирусот. Ваков став имаат 33,5 отсто од анкетираните, што е благо намалување во однос на оние 38,8 отсто кои економската криза ги загрижуваше најмногу во мартовската анкета.
11,8 отсто стравуваат од колапс на здравствениот систем, 10,1 отсто од недостаток на храна и лекови, 8,5 отсто од рестрикциите на социјалниот живот и 7,6 отсто од губењето на работното место.

Во однос на земјите од регионот, граѓаните во мнозинство сметаат дека нема некоја разлика во начинот на кој Македонија се справува со кризата.

Ваков став имаат 49 отсто од анкетираните, 23,6 отсто сметаат дека земјава се справува подобро, а 17,1 проценти полошо од соседните земји.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април.