(ВИДЕО)Фчерашни новости последни дознаваат: Погледнете ја економската анализа на Тошо Малерот

0
1051

Од најавата за новиот МЕГА владин проект „Ало, дали се префрлени субвенциите?“, преку репортажата од живинарската фарма каде се случи ЧУДО, економска анализа на Тошо Малерот, се до редовните фенг-шуи вести со Спиро Енергија и временската прогноза и се помеѓу.

Новата епизода на „Фчерашни новости“ веќе може да ја погледнете и на официјалниот „Јутјуб“ канал на емисијата.

Следната епизода, пак, веќе се снима. Сите фотографии и тизери од снимањата може да ги погледнете на

Фејсбук: https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/
Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.

„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.