- Бев згрозен од пресуда од условна казна за цариник фатен на граница со пари, ова е невиден скандал, значи фатен е човекот со обележани пари и ние му викаме продолжи така, ќе поминеш без затвор, во Израел ваквите кривични дела се сведени на ниво на национално предавство и се лежи затвор од 30 години, само така ќе се справиме со корупцијата, ова се друго е комедија.
Владимир Пивоваров во интервју за емисијата ,,Во центар”.