ПЕТРОВСКА ЈА ПРЕЧЕКА КОЛЕШКАТА ОД АВСТРИЈА, ТАНЕР : ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е БЕЗБЕДНОСНО ПРАШАЊЕ ОД НАЈВИСОК ПРИОРИТЕТ

0
382

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и нејзината австриска колешка, Клаудија Танер, денеска од прес-конференцијата во Министерството за одбрана упатија пораки дека евроинтеграцијата на Западниот Балкан е безбедносно прашање од највисок приоритет.

„Денеска на сите ни е јасно дека европската интеграција е и безбедносно прашање од највисок приоритет. На регионот му е потребна надеж и сигнал – дека не е заборавен и дека се уште претставува приоритет за Европската Унија и тоа го гледаме и во вашата посета, особено имајќи предвид дека Австрија е наш близок партнер и поддржувач во достигнувањето на оваа цел. Да не дозволиме да се создаде вакум во кој европските вредности ќе бидат заменети со други агенди кои во последно време се особено видливи преку хибридните закани, дезинформациите и лажните вести, како и сајбер нападите“, потенцираше Петровска и додаде дека ваквите напади не се воопшто наивни, туку имаат една повисока цел, а тоа е да се блокираат преговорите со ЕУ, да се подрие довербата во ЕУ, во НАТО, и во демократските институции.

Министерката Танер во однос на интеграцијата на регионот во Европската Унија, истакна дека за Австрија и понатаму главен приоритет во безбедносната и одбанбената политика останува проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан.