ВЛАСТА НА СДСМ Е ЕДИНСТВЕНО ВИНОВНА ЗА КОРУПЦИЈАТА ВО ОПШТЕСТВОТО, САФЕТ БИШЕВАЦ: НИ ТРЕБААТ НОВИ КАДРИ И НОВА ПОЛИТИКА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА А ТОА МОЖЕ ДА ГО ПОНУДИ САМО ВМРО-ДПМНЕ

0
1161

Во дебата на Канал 5, во “Само вистина” гостуваше поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац кој што упорно ги бранеше позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тврдеше дека посетата на премиерот Заев и неговата делегација била залудна штом сме заглавени во спорот со Бугарија и покрај тоа што сме подготвени за почеток на преговорите. Истиот став го има и Г-7, но сето тоа е само театар за нас кој што ништо посебно не придонесува за нашето придвижување кон ЕУ. Само еден е патот кон ЕУ, а тоа е да се тргне ветото од Бугарија.

Повтори дека Европската Унија е таа која што и’ должи на Македонија бидејќи европските лидери доаѓаа во Македонија за да ја убедуваат нашата јавност дека со решавањето на спорот и имплементација на реформите, ќе ги почнеме преговорите.

Обвини дека Владата на Заев има системски слабости особено во правосудството и борбата со корупцијата, реформите во образованието, имаме ужасна ситуација во економијата и пандемијата и тоа и Брисел го забележува. Ја окарактеризира Македонија како држава со ендемски вкоренета корупција и дека ништо во тој аспект не се подобрило.

Бара нова политика и нови кадри кои што ќе се зафатат со отстранување на корупцијата како канцер на општеството, а тоа може да го понуди само ВМРО-ДПМНЕ. Го повтори слоганот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања дека во Македонија има хроничен недостаток на право и правда.

Останува да видиме што ќе му понудат на Бишевац од ВМРО-ДПМНЕ за ова што посветено одработува за нив уште од последните парламентарни избори.