ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ : ЈА НЕМА ТАА ПОЛИТИЧКА ЦЕНА КОЈА СДСМ МОЖЕ ДА ЈА ПРИФАТИ ЗА ГРУЕВСКИ ДА БИДЕ НАШ КОАЛИЦОНЕН ПАРТНЕР

0
522

„Ќе треба да се сплотиме околу битните прашања во државата. За стратешкиот интерес да се согласиме дека сите си ја сакаме државата. Немам право да мислам дека некој е поголем патриот од мене“ вели Шилегов.За измените на КЗ, тој ќе рече „Како носител на висока извршна функција, што и да кажам може лошо да биде интерпретирано. Височината на казните не е проблемот, проблемот е подлабок. Ни требаат функционални институции на повеќе нивоа“.

„Се уште стојам на слоганот `Нема правда нема мир`. Не мора да е злоупотребата основно кривично дело“ вели Шилегов.

Шилегов смета „дека дневната политика на ВМРО-ДПМНЕ е во ќор-сокак. Најверојатно треба определено сценарио кое ќе сакате да го залепите на власта. Зошто мислите дека ова не е сценарио на Мицкоски? Од каде знаете дека нема договор со Никола Груевски, а потоа Мицкоски да излезе чист за гласањето на уставните амандмани“.
„Ја нема таа политичка цена која СДСМ може да ја прифати за Груевски да биде наш коалиционен партнер“ дециден е Шилегов.