ГРУЕВСКИ : МАРЈАН ЃОРЧЕВ ЕДНАШ НЕ МИ СЕ ЈАВИ ДА МЕ ПРАША КАКО СУМ, А МИЛОШОСКИ ПРЕД СЕКОЈ НОВ ЛИДЕР НА ПАРТИЈА ГО НАПАЃА ПРЕТХОДНИОТ

0
754

Поранешниот премиер Никола Груевски и денеска ја продолжи „Фејсбук-војната“ со поранешните соработници во ВМРО-ДПМНЕ.
За екс потпретседателот во партијата, кој беше градоначалник, но и амбасадор Марјан Ѓорчев, Груевски рече „кога го напуштија сите, а ние бевме најсилни во 2009 година му пружив рака, стана градоначалник а потоа и амбасадор, вкупно 8 години. Искрено, очекував дека по доаѓањето на новата власт, а кога пред негови очи и уши се подготвуваше, се преговараше и се потпиша договорот со Бугарија од кој сега произлегуваат крупни проблеми за државата и нацијата, дека ќе биде доблесен, и ќе си поднесе оставка како амбасадор во знак на несогласување со тој договор. Тој сепак си го дослужи мандатот молчејќи и трчајќи покрај Заев, додека Заев го реализираше својот план, за потоа да ни раскажува по медиумите колку не чинел тој договор. Одкако јас бранејќи национален интерес западнав во проблеми ниту еднаш не ми се јави барем куртуазно, и ако треба и лицемерно, да ме праша како сум, и како ми е“.

Груевски по вчерашниот прес на пратеникот Антонио Милошоски, не му остана должен ниту нему. Рече дека тој кај секој нов лидер на партијата го напаѓа претходниот кормилар, само за да му се допадне.„Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот. Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден. Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане“ пишува Груевски.