ПЕТАР БОГОЈЕСКИ : „ВЛАСТА ГИ КАЗНУВА РАБОТЛИВИТЕ ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ РАСКОШ ЗА СЕБЕ“

0
394

Вечна е дилемата за даночната политика на политичката десница и левица, каде првите инсистираме на ниски даноци, но силна даночна дисциплина, а вторите на високи доноци и лабави односи. Првите парите ги трошиме на јавни инвестиции, вторите на социјални транфери. Само Македонија е исклучок од сето ова. Кај нас, актуелната левичарска влада, парите од зголемени даноци не ги инвестира во социјални програми, кои ниту ги направиле, туку во сопствено луксузирање, дури на сметка и на децата болни од ретки болести и даунов синдром.

Оваа власт само што ги зголеми даноците со што се одлучи да ги казнува работливите и успешните, посветените и пожртвуваните, а со тоа да обезбеди екстра пари за себе и сопствено луксузирање. Чиниш претриемачите, кои ја презеле одговорноста врз себе, се грешни ѓаволи, како бизнисот да е грев, па решиле со нови даноци да се оданочуваат добивките, на место да се ослободат од данок доколку се реинвестираат во домашната економија, особено во областа на производство на храна, туризам, ИТ сектор, енергетика, здравство и образование.

Овој пакет на нови даноци треба дополнително да собере од 50 до 80 милиони евра, за власта да може да се шета по ЊуЈорк, Брисел, Париз, Берлин… без никаква државничка потреба, да може да вработува партиски војници на државна сметка, да може да мести тендери, а за сметка на тоа, да ги уништи компаниите од трговијата, енергетскиот, металуршкиот, финансискиот сектор… скоро сите претпријатија од сите дејности. Тоа е тој хибриден режим кој управува со Македонија.

Реакциите на Стопанските комори не се доволни. Проблемот е во свеста на граѓаните, кои на бизнисот гледаат како на злосторство, поттикнати од наследениот социјалистички менталитет, особено стимулиран од разни популисти како оние од Љевица. Во суштина, или ќе го менуваме нашиот менталитет и ќе се посветиме на бизнисот, со што ќе станиме богата нација или ќе си останиме во светот на бајките и болшевичкиот романтизам и екстремно сиромашни.

Предходно пишував за погрешните даночни политики на Владата, каде зголемувањето на даноците дирекно ги дестимулира плаќачите, а ги стимулира неплаќачите на данок. Ова ќе ја зголеми сивата економија за 20%, што ќе биде погубно за државниот Буџет. На место повисоки, крајниот резултат за две години ќе биде пониски приходи. Ќе се појави т.н. „даночен туризам“, каде домашните компании ќе се пререгистрираат во странство, со цел да ги избегнат домашните даноци. И сето тоа, повторно се прави со т.н. европско знаменце. Нема ништо европско во оваа „ѓурултија“.

Единствено што власта ќе постигне, во краток рок, ќе ја наруши ликвидноста на претпријатијата. Тоа ќе генерира недоверба кај инвеститорите во акционерските друштва поради нарушени деловни годишни планови, а со тоа ќе ги одврати од понатамошни инвестиции. Дури и повлекување на инвестициите од домашни компании, што може да предизвика лавина од пад на нивната вредност на домашната берза. Кој сака да инвестира во компании кои не се способни да поделат дивиденда? Никој! Секој своето место ќе го најде на светскиот пазар на капитал, а Македонија екстремно ќе осиромаши.

Попусти се аргументите на власта дека ова е адхок решение, каде еднократно ќе наплателе! Тоа е скандал! Признаваат дека не сработиле како треба, се луксузирале и легачеле, па сега ќе ги казнуваат успешните и работливите, за да си ги покријат сопствените неуспеси. Скандал. Кризата е резултат на нивната неспособност, а не вина на компаниите.

Ова нема врска со „солидарност“ во политиките. Левичарите не ја разбираат солидарноста. Тоа е десничарска вредност. Поентата е мотивирање на успешните да бидат солидарни со останатите, а не нивно казнување со цел неработниците да продолжат да не работат. Тоа е кога на левичар ќе дадеш да управува со економија.

Авторот е докторант на економски науки и лидер на партијата МК.