Морам да признаам за жал дека Албанците беа во право што бараа повеќе права, ние навистина ги угнетувавме на сите полиња. На пример, земавме со закон и ги исековме општините така да СКопје, Кичево и Струга ги направивме мнозински македонски градови иако над 50 години во екс Југославија тие општини беа албански општини, па земавме го исековме Сарај и Матка од СКопје а во Струга ги извадивме Велешта и уште едно село што е тотално политичко дивјаштво. Отидовме дотаму што во тетово си победи кандидат АЛбанец ние ставивме македонец, таткото на професорката Рената Десковска. Значи до таму ги угнетувавме што ние им кажувавме кој ќе им биде градоначалник. До таму се претерувавме со политичко насилство.
Поранешниот градоначалник на град Скопје, Ристо Пенов во најновата емисија на Васко Ефтов ,,Во центар”.