НА РЕЖИМОТ ЦРНО МУ СЕ ПИШУВА, САД сега почна да воведува лични санкции за бандата криминална на ВМРО-ДПМНЕ : Миле Јанакиески го одбиле за американска виза!?

0
1341

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски бил одбиен за американска виза од амбасадата на САД во Македонија, но официјално информацијата никој не ја потврдува, пишува порталот МКД.мк .

„Единствената санкција што досега е воведена, велат дипломатите, е тоа што САД одбиле да му дадат американска виза на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, но официјално никој не ја потврдува информацијата”, пишува порталот.

Оваа мерка доаѓа по најавите на САД и ЕУ со санкции кон одредени лица кои вршеле злоупотреба на службената должност.

Според некои извори, на високо ниво во Брисел идејата за економски санкции од ЕУ кон Македонија, по примерот на санкциите против Русија, уште веднаш е отфрлена, бидејќи процената била дека речиси е невозможно да се постигне консензус на сите членки.