ПЕНДАРОВСКИ : ТИЕ ШТО БЕА ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР СЕГА СЕ ФАЛАТ СО НАТО ЧЛЕНСТВОТО

0
54

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата.

И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО.„Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата.

Пред 4 години госпоѓата има изјавено во една телевизиска емисија дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети, треба кривично да одговараат. И сега велиш дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа нема НАТО”, одговори Пендаровски.