ЗАЕВ ГИ ПРЕВЕСЛА И ГРУЕВСКИ И ХАН : Заев спремен да ги напушти преговорите, ако нема договор за оставка на Груевски!

0
1475

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, би можел да ги напушти преговорите во Брисел, ако и понатаму се инсистира на предлогот мандатот на техничката влада да биде само 3 до 6 месеци, како што посакува премиерот Никола Груевски, информира Плусинфо.

zaev-intervju

– Заев не може да ги продолжи преговорите без да обезбеди преодна влада без Никола Груевски во неа и без да се договори таа промена да се случи брзо. Нема никаква смисла СДСМ да се согласи со идеите Груевски да ја малтретира Македонија до крајот на годината. Тоа не е во интерес на земјата, туку само во интерес на кликата на Груевски – вели извор на Плусинфо.

Изворот вели дека Заев не само што бил одлучен во разговорот со еврокомесарот Хан, туку имал и средба со американскиот амбасадор Џес Бејли, на која го повторил својот одлучен став. Дипломатите во Брисел, за да го убедат Заев да му попушти на Груевски, за техничката влада му ги нуделе ресорите внатрешни работи, финансии и транспорт. Посматрачите проценуваат дека Заев нема да подлегне на притисоците да попушти пред барањето на Груевски да остане премиер до декември.