КОВАЧЕВСКИ ЈА ИМА ПОДДРШКАТА ОД ЦЕЛОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ – НЕМАЛО ФОРМАЛЕН СОСТАНОК ВО ПРИСУСТВО НА ЗАЕВ, ТВРДИ МАРИЧИЌ

0
453

Бојан Маричиќ во емисијата „360 степени“ изјавил дека делење на власта со ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по брзи избори кои би се случиле напролет, е „нефункционална и непрактична идеја“.

Во СДСМ немало формален состанок во присуство на Зоран Заев, на кој се дискутирало за уривање на Димитар Ковачевски и широка влада со ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, изјавил вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ за „360 Степени“, по написот на Плусинфо дека „Заев подмолно се обидува да го урне Ковачевски“.

Маричиќ смета дека делење на власта со ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по брзи избори кои би се случиле напролет, е „нефункционална и непрактична идеја“.

– Мислам дека претседателот Ковачевски ја има целосната поддршка на целото раководство на партијата – изјавил Маричиќ.