ПАЧЕШКОСКИ : СО СВОЕТО НЕРАБОТЕЊЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ ГО СТИМУЛИРА УРБАНИСТИЧКИОТ ХАОС ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

0
628

Прес конференција на Зоран Пачешкоски, Претседател на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Не само што покажа неспособност да реализира барем еден од ветените проекти,

туку градоначалникот Борче Јовчески манифестира и отсуство на било каква

желба да го одржува редот во урбаното живеење.

Со амин на градоначалникот Јовчески, во централното градско подрачје се

случува урбанистички хаос.

Иако во повеќе наврати алармиравме на дивоградбата која пред очите на

граѓаните и на локалните власти никна во строгиот центар на градот, поточно на

доградбата со која значително се зголеми површината на некогашниот дуќан на

„Кам маркет“, состојбата на терен е непроменета.

После извршениот вонреден инспекциски надзор, овластениот градежен

инспектор на Општина Прилеп констатирал дека доградбата на деловниот објект

се вршела без одобрение за градење. Од таа причина, инспекторот изготвил

Решение со кое на инвеститорот „Мип – Марфил“ му наредува во рок од 30 дена

да ја отстрани дивоградбата.

Меѓутоа, како што и самите можете да видите, ниту после 3 месеци од донесеното

Решение и изречената инспекциска мерка, дивоградбата не е отстранета.

Господине градоначалник на општина Прилеп, Борче Јовчески,

Имаме разбирање за твоето незнаење и неспособноста да направиш нешто добро

за граѓаните на општина Прилеп, бидејќи повеќе е од јасно дека си случаен човек

во градоначалничката фотелја и дека повеќе ја немаш поддршката ниту на

партијата која те кандидираше.

Меѓутоа, она коешто граѓаните го очекуваат од тебе, е да ги почитуваш и

спроведуваш законите и да не го уништуваш општественото добро и сето она кое

пред тебе го граделе оние кои си го сакале градот и кои работеле на негова

урбанизација.

Уште еднаш те повикуваме конечно да почнеш да се занимаваш со својата

работа. Градоначалничката функција да ја извршуваш во интерес на граѓаните, а

не да бидиш маша за исполнување на желбите на разни бизнис групации.

Само на тој начин ќе ги спречиш шпекулаците за било каква твоја инволвираност

или поврзаност со враќањето на градежната мафија на голема врата.

Во спротивно, твоето практикување на функцијата Градоначалник неизбежно ќе

стане предмет на набљудување на некои други институции, првенствено на

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.