(ВИДЕО) Жерновски: Поднесуваме претставка до Уставен Суд, на дебармаалци им е преку глава од „силување“ на овој простор

0
1131

Screenshot_65-685x320

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и невладиниот сектор поднесуваат претставка до Уставниот Суд на Република Македонија за оценување на уставноста и законитоста на противуставно присвоените парцели во општина Центар, односно Дебар Маало.

Владата, рече градоначалникот Жерновски, противуставно прогласи четири градежни парцели за земјишта од посебен интерес.

“Се знае што значи јавен интерес, тоа можат да бидат факултети, градинки, образовни институции, но не може хотелски комплекси, станови и резиденцијални објекти да бидат објекти од посебен интерес. Бараме и законот прецизно да дефинира што е тоа ‘посебен интерес’“, рече Жерновски.

Тој со задоволство информираше дека ова, општината го прави заедно со граѓаните и невладините организации, со кои веќе е потпишан меморандум за соработка и дека оваа битка ќе ја водат заеднички.

Жерновски, општината, граѓаните и невладиниот сектор не се откажуваат од борбата, дури иако Уставниот Суд се оглуши на ставовите на граѓаните, кои не сакаат висококатници, хотелски комплекси и катни гаражи во Дебар Маало, туку зеленило и социјални објекти.

“Ако Уставниот Суд се оглуши, ние ја продолжуваме битката. На дебармаалци им е преку глава од ‘силување’ на овој простор“, рече Жерновски.

Градоначалникот на општина Центар посочи дека овие активности и оваа борба се со цел враќање на моќта на одлучување во рацете на граѓаните и на општината.

Изјавата може да ја погледнете ОВДЕ