ПАТЕТИЧНО, АНТИЕВРОПСКО, АНТИАМЕРИКАНСКО Е БАРАЊЕТО НА АЛТЕРНАТИВА, ВЕЛАТ ОД ДУИ

0
575

Патетично, антиамериканско и антиевропско барање кое оди на штета на конечното решение на косовското прашање.

Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно распоредување”, соопшти ДУИ одбивајќи го повикот на Алтернатива за формирање „заедница на албански општини“, како што е примерот во Косово во кој има обиди за формирање заедница на српски општини.

Партијата на Али Ахмети оценува дека ова е крајно несериозно барање на Алтернатива чија заднина е всушност обид да се опстане на политичката сцена.