СДСМ : ДАЛИ ДЕЗЕРТЕРОТ КОВАЧКИ БИЛ И ШПИОН ПРОТИВ ДРЖАВАТА?

0
723

Драган Ковачки кој беше полковник во Армијата, дезертираше за политички да му служи на Христијан Мицкоски.

Денес истиот тој Ковачки излегува во јавноста и во име на Мицкоски шири лаги и невистина во обид да направи дефокус од сомнителниот тендер од 136 милиони евра и кавгите за него во ВМРО-ДПМНЕ.

За каков човек станува збор доволно кажува фактот што Ковачки додека бил дел од Армијата бил казнет поради закани упатени кон началникот на Генералштабот на Армијата.

„Долга е раката на ВМРО“ се заканувал дезертерот Ковачки, а при тоа навредувал и клеветел.

Дали освен закани, навреди и клевети кон претпоставените, Ковачки оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата, тоа треба да го одговори самиот Ковачки.

Ете со какви луѓе е опкружен Мицкоски, со дезертери, со лица кои се закануваат и шират невистини.