(ВИДЕО) Се урна уште еден руски авион, над 40 мртви

0
1191

5639da81c461882b168b460b

Авионот “Антонов”, руско производство, се урна непосредно по полетувањето.

Околу 40 лица загинаа во несреќа на транспортен авион во Џуба, главниот град на Јужен Судан, соопштија светските агенции.

Авионот “Антонов”, руско производство, се урна непосредно по полетувањето од меѓународниот аеродром во Џуба, врз мал остров на реката Бели Нил.

Новинар на Франс прес видел неколку трупа на местото на несреќата.

Весникот “Саут Судан трибјун” известува дека на авионот имало петмина руски членови на екипажот. Телевизијата “Ал Арабија” соопшти дека авионот се разнел во текот на полетувањето.

https://www.youtube.com/watch?v=GGsg_rFFN5o