ПАВЛЕ И ЖОРО СО ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ПРОДОЛЖУВААТ ДА СЕ ГЛУПИРААТ, ПРЕДЛАГААТ ИЗМЕНИ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, НЕБАРЕ ТОА Е ТОЛКУ ЛЕСНО ДА СЕ НАПРАВИ, 40 ГОДИНИ СЕ ВО ВИСОКАТА ПОЛИТИКА И СЕ ПРАВАТ КАКО ДА СЕ УДРЕНИ СО ТОПКАТА ОД ФК ВАРДАР

0
986

Павле Трајанов ги објави предлог-заклучоците за францускиот предлог.

Предлог-заклучоците ви ги оренесуваме во целост:

1. Собранието на Република Северна Македонија, поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, ја охрабрува Владата на Република Северна Македонија, да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси, да се усвои Преговарачка рамка во која ќе бидат вградени европските принципи и стандарди, како и Копенхагенските критериуми согласно со спецификите и постигнатите резултати на Република Северна Македонија.

2. Се задолжува Владата на Република Северна Македонија, доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара. Преговорите да се водат врз основа на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во целосна согласност на Резолуцијата усвоена од Собранието на Република Северна Македонија, на 29 јули 2021 година.

3. Се задолжува Владата на Република Северна Македонија во документите (Општ став на ЕУ, Преговарачка рамка, Заеднички став на ЕУ и Заклучоци на Советот на ЕУ) да се заложи Советот на ЕУ да ги вгради следните предлози:

А. Во Општиот став на ЕУ (Воведна изјава на ЕУ за отворање на пристапните преговори), во точка 3 да се избришат зборовите: „Во однос на преводите на acquis-правото на ЕУ на македонски јазик, ЕУ ги зема предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Северна Македонија за македонскиот јазик.“

Се додава нов став: „По приемот на Република Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик станува службен јазик, без какви било можности за негово оспорување од страна на ЕУ или нејзина членка.

Б. Од преговарачката рамка, да се изостават билатерални прашања наметнати од Бугарија. Во оваа насока во точка 5, во последната алинеја да се избришат зборовите: „како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување, според член 12“.

На овој начин, протоколите кои ги потпишуваат Република Северна Македонија и Бугарија ќе бидат обврзувачки за двете држави, без да се инволвира во нив ЕУ во целина.

В. На првата меѓувладина конференција да се усвои преговарачката рамка, со што ќе почнат пристапните преговори, скрининг процесот, а потоа и отворање на поглавјата, без дополнителна меѓувладина конференција.

Во документот Заеднички став, од точка 1 да се избришат зборовите „првата фаза од“, целосно да се избрише точка 11, бидејќи е непотребна доколку Советот на ЕУ ја усвои Преговарачката рамка.

Во точка 13 да се избришат зборовите „Откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот“, а во точка 14 да се избришат зборовите „Во таа насока, го поздравуваме договорот за Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана согласно со член 12 од овој договор“.

Г. Во предлог заклучоците на советот на ЕУ, да се избрише точка 3, бидејќи се однесува на Протоколот од вториот состанок на меѓувладината комисија формирана според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Д. Советот на Европската Унија во заклучоците во точка 3, да дефинира обврска, Република Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбург, поврзани со правата на Македонците во Бугарија.

4. Се задолжува Владата на Република Северна Македонија континуирано да го информира Собранието на Република Северна Македонија за конечната усогласена Преговарачка рамка и другите документи кои што ги усвојува Советот на ЕУ, дали и кои предлог заклучоци на Собранието на Република Северна Македонија се вградени во овие документи, како и за текот на преговорите во целина.