ПОРАДИ ВЛОШЕНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА БОЈАН ЈОВАНОВСКИ ПУШТЕН НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ

0
288
Бојан Јовановски – Боки 13 е пуштен на слобода, потврдуваат извори на А1он.

Кривичниот суд одобрил издржувањето на затворската казна да биде во прекин, откако до него биле испратени лекарски извештаи и конзилијарни мислења за здравствената состојба на Јовановски, кој издржува казна за предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.Адвокатот на Боки 13, Владимир Туфегџиќ за А1он вели дека иако задоцнета, одлуката на Кривичен е за поздравување.

„Како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот Кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета, истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на истата постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, вели Туфегџиќ.Претходно, на Јовановски му беше извршена операција, со која му беше отстранет желудникот.