МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ БОЧВАРСКИ ДЕНЕС НА ПРВА СРЕДБА СО НЕГОВИОТ БУГАРСКИ КОЛЕГА МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И НА БУГАРИЈА САБЕВ

0
535

Прва средба со мојот колега од Бугарија, министерот за транспорт и комуникации, Николај Сабев.

Фокус на средбата ставивме на воспоставување на нова авио линија Скопје – Софија, како заеднички влог за зближување на двата народи, развој на економијата, туризмот и културата.

Разговаравме за изградба на пругата на Коридор 8 како еден од најкомплексните инфраструктурни проекти и граничниот тунел за железничкото поврзување.

Како министерства во следниот период ќе работиме на проекти кои поврзуваат во патната, железничката инфраструктура како и на зголемување на соработката во дел на товарниот транспорт 🇲🇰🇧🇬

Фејсбук статус на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.