ЛИЧНАТА УПОТРЕБА НА КАНАБИС НЕ Е КРИВИЧНО ДЕЛО, ВЛАДА: ПОТРЕБНИ СЕ ЗАКОНСКИ ПРЕЦИЗИРАЊА ЗА ДА НЕ СЕ ПОКРЕНУВААТ ПРОЦЕСИ ЗА ТИЕ ЛИЦА КАКО ДА ТРГУВАЛЕ НЕЛЕГАЛНО СО ОПОЈНИ ДРОГИ

0
776

Според актуелниот Кривичниот законик (КЗ), кривично дело е пуштањето во промет и продажбата на канабис и на другите опојни дроги.

“Личната рекреативна употреба на канабисот и денес не е кривично дело, но праксата покажува дека на терен постојат нејаснотии или злоупотреби и имаме ситуации кога лица кои користат канабис за лична употреба се теретат за наводна намера за продажба” – велат од Влада.

Владата очекува измените на КЗ во кои експлицитно ќе се констатира дека личната употреба не е кривично дело, односно дека во затвор не може да оди оној кој за лична рекреативна или медицинска употреба конзумира канабис.