Милевски: Локалната самоуправа успешно функционира единствено со вклучување на граѓаните

0
527

🗣Милевски: Локалната самоуправа успешно функционира единствено со вклучување на граѓаните
🇲🇰Министерството за локална самоуправа ја спроведува Програмата на Владата во делот на локалната самоуправа и рамномерниот регионален развој. И двете политики имаат огромно влијание на квалитетот на живеење на сите граѓани, рече министерот Горан Милевски на денешната годишната конференција „Децентрализација 2.0: Ефективни механизми за граѓанско учество во рамки на проектот „Ефективен механизам за граѓанско учество“ која се одржи во Штип во организација на Фондација за развој на локалната заедница со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
🗣Во текот на креирање на двата клучни документи, новата Стратегија за регионален развој која што е во Собраниска процедура и новата Програма за одржлив локален развој и децентрализација која што влегува во Владина процедура, министерството организираше широк консултативен процес. Документите се подготвени со учество на претставници на сите релевантни институции и на граѓанскиот сектор, појасни тој. ⬇️⬇️⬇️

Фејсбук статус на Горан Милевски, министер за локална самоуправа.