ОЈО отвори предмет за случајот со жената од Струга која почина од корона вирус

0
711

Основното јавно обвинителство Охрид отворило предмет по допрен глас за случајот со 66-годишната жена од Струга, која е четврта жртва на коронавирусот во земјава. Информацијата за постапувањето на ОЈО Охрид за „360 степени“ ја потврдија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Одлуката на ОЈО Охрид доаѓа откако Али Теља, зет на починатата жена од Струга, во изјава за ТВ Телма рече дека иако таа не можела да дише и се мачела два дена, во охридската болница преку прозорец им рекле да ја носат дома и да дојдат само кога ќе има позитивен тест на коронавирусот.