Стогодишна Холанѓанка го победи коронавирусот

0
1008

Жена од Холандија, која има 101 година, била примена в болница пред десетина дена поради зараза со коронавирус и со тешкотии во дишењето. Но, таа оздраве и сега ќе може да ја напушти болницата.

– Таа е силна госпоѓа и убаво е да се види како ги слушаше здравствените совети, на пример, кивањето во лактот. Дури и ме предупредуваше мене да држам растојание, објаснува пулмологот Сунил Рамлал.

Жената живее сама, но сега ќе биде потребна нега во домашни услови.

„Мојата мајка е независна жена која знае што сака, има доживеано многу работи во животот и секогаш успевала да се избори со сè“, вели најмладата ќерка, Мариан.

Минатата седмица светот го обиколи веста за 101-годишниот Италијанец, како и за неколкумина други во Кина кои оздравеле од вирусот.