Ве информнираме дека денес заврши постапката за упис во Судскиот регистар на политички партии на новоизбраниот претседател на НСДП, по одржаниот Петти Конгрес на НСДП.
Од денес Горан Мисовски официјално, со Решение на Основниот граѓански суд Скопје, е упишан како претседател на НСДП и лице кое ќе ја претставува и застапува НСДП.
Исто така во Судскиот регистар на политички партии се изврши упис на Измените и дополнувањата на Статутот на НСДП.
#НСДП