ОТПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО НАСЕЛЕНО МЕСТОГОДИВЛЕ, СО ВКУПНА ДОЛЖИНА ОД 1.100м, СО ВРЕДНОСТ ОД 7.500.000 ДЕНАРИ

0
606

Денес пратеникот Миле Талевски, Градоначалникот на Општина Кривогаштани Николче Мискоски и претставници од раководството на ОО СДСМ Кривогаштани остварија средба со жителите од населено место Годивле.

На средбите се слушна секој збор, секоја дадена сугестија, пофалба и критика.
Се разговараше за бројните мерки и политики кои ги носе и спроведува Владата предводена од СДСМ а се во интерес исклучиво на граѓаните.
Исто така беше најавен голем инфраструктурен проект, односно во следните денови отпочнува реконструкцијата на главната улица во населено место Годивле, со вкупна должина од 1 100м, со вредност од 7 500 000 денари.

Централната и локалната власт предводени од СДСМ секогаш ќе бидат на страната на граѓаните и нивните потреби 🇲🇰