Откако режимските ПРДЕЖИ ОД ВРХОВЕН СУД му го укинаа притворот на оној кој вози Ибица во бомбите на Заев, Сеад Кочан се вратил во Македонија од бегство и ноќеска бил примен како итен случај на државните клиники во Скопје

0
1249

Сеад Кочан, избеганиот бизнисмен што полицијата до петокот го бараше со потерница затоа што е осомничен во еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство, ноќеска бил примен како итен случај во една од клиниките на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Изворите, кои сакаат да останат анонимни затоа што не се овластени да даваат изјави за јавност, не сакаа да потврдат дали пациентот бил задржан на болничко лекување. Поради специфичноста на случајот официјални изјави нема, но Кочан, кој сега има брада, вчера во доцните попладневни часови беше забележан во Клиничкиот центар. На клиниката каде што се пријавил како итен случај дошол само во придружба на сопругата.

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски со уште четворица врховни судии од Кривичниот совет во петокот донел одлука да му се укине притворот на осомничениот Кочан. Тој два месеца и шест дена беше во бегство и недостапен на истрагата што ја поведе против него Специјалното јавно обвинителство, но неговата одбрана тврди дека тој не требало да се води како избеган, туку дека е бизнисмен на службен пат.