СДСМ : СЕКОЈДНЕВНО НИКНУВААТ ДИВИ ДЕПОНИИ НИЗ СКОПЈЕ, АРСОВСКА ГИ ЛАЖЕ СКОПЈАНИ

0
402

Градоначалничката на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска не ја зборува вистината кога тврди дека исчистила 150 депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

Насекаде низ Скопје, во сите општини постојано се појавуваат нови депонии, а постоечките стојат неисчистени.

Како што се гледа на фотографиите во прилог, добредојде на граѓаните во општина Гази Баба им посакуваат планини отпад, а слични глетки има во сите скопски општини.

Арсовска во првите 100 дена на Скопјани им донесе стотици разочарувања.

Од почетокот на мандатот може да се пофали само со поставување мобилни тоалети, нивелација на шахти, партизација на градските институции, прекин и застој на започнатите проекти, сериозно кратење на градскиот буџетот за животна средина.

Скопјани не заслужуваат градоначалник кој се иззема од одговорност и бара оправдувања за своето неработење.