ОСУДЕНИТЕ ОД 27 АПРИЛ БАРААТ ОСЛОБОДУВАЊЕ ПРЕКУ ВРХОВНИОТ СУД, СЕ ЧЕКА ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ

0
544

Адвокатите на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година поднеле барање до Врховниот суд за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.Предметот е испратен за мислење до Републичкото обвинителство.„

Станува збор за обемен предмет и по целосно проучување на сите факти, Јавното обвинителство ќе  достави соодветен одговор“,потврдил Јавниот обвинител Љубомир Јовески.Последниот збор го има Кривичниот совет на Врховниот суд кој ќе одлучува по вонредното преиспитување.

Гласините на кои се повикува СДК велат дека постои можност дел од осудените да бидат ослободени од вина, а во замена за тоа дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измени.