ОСМАНИ : СО ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА, КАКО СОВЕТНИЧКА НА ПЕТКОВ ГИ ВОДЕВМЕ НАЈТЕШКИТЕ ПРЕГОВОРИ

0
512

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во изјава за „360 степени“ рече дека во разговорите со Весела Чернева, која беше советничка на екс бугарскиот премиер Кирил петков е направен најмал исчекор во македонско – бугарските односи. Ова доаѓа откако во Бугарија има сериозни обвинувања дека таа шпионирала во корист на Македонија.

„Со Весела Чернева, како советничка на бугарскиот премиер Кирил Петков, ги водевме најтешките преговори“, вели Османи.Советничката на Петков е под истрага за оддавање на тајни информации на властите во Скопје.Тогашната министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и дека самата лобира во преговорите со Македонија.