(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП – Каралиоска : Две и пол години градоначалникот ги лаже актерите и прилепчани дека ќе се гради нов театар

0
1157

Прес конференција на УМС Прилеп, Маја Каралиоска

Иако помина повеќе од половина мандат на новата локална власт на чело со градоначалникот Илија Јованоски, засега не видовме речиси ништо од ветеното.

Откако градоначалникот Илија Јованоски стапи на новата функција, оствари средба со актерите од театарот „Војдан Чернодрински“, на која средба беше ветена изградба на нов театар, проект кој се наоѓаше во предизборната програма на СДСМ за локалните избори во 2017-та година.

Наместо да започне со реализирање на даденото ветување на нов театар, согласно сите современи стандарди, пред само неколку дена градоначалникот повторно ја собра актерската екипа на едно место, на која средба било разговарано за проблемите со кои се соочувале актерите, со посебен акцент на состојбата во која се наоѓал објектот.

Градоначалник, дали повторно им кажавте на присутните на средбата дека ќе изградите нов театар?

Дали им го повторивте истото ветување од пред 2 години oд првата средба, или можеби се водите по народната „Сто пати кажана лага станува вистина“, па така очекувате ако го повторите истото ветување и в година, дека магично од нигде никаде ќе никне нов театар во Прилеп?

Ве потсетуваме дека ви измина повеќе од половина од мандатот, а Прилеп благодарение на вас е запустен како никогаш претходно.  За жал, засега ова ветувања се покажа како уште едно од низата празни ветувања дадени од страна на градоначалникот Јованоски.

Периодот од речиси 2.5 години е сосема доволен период за да согледаат прилепчани, дали локалната власт предводена од СДС е желна да работи во интерес на граѓаните и да ги реализира дадените ветувања.

Токму затоа на 12-ти април, народот ќе ги казни овие погубни политики на СДС. После тоа по големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, следува обнова на Македонија!

Воедно на оваа прес конференција, сакаме да упатиме честитки до прилепската актерска екипа, по повод 70 годишниот јубилеј на театарот „Војдан Чернодрински“ и да им посакаме уште многу успеси и награди, затоа што тие се нашата гордост!