ОСМАНИ НА АНТАЛИЈА ДИПЛОМАТСКИОТ ФОРУМ

0
184

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи престојува во работна посета на Република Турција, по повод учество на Анталија дипломатскиот форум.Во форумот,

Османи ќе има обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија кои ќе гарантираат стабилност и мир во регионот, како и улогата на регионалните иницијативи и нивниот придонес кон решавање на отворените прашања.

На маргините на дипломатскиот форум во Анталија, Османи ќе оствари бројни билатерални средби со негови хомолози од различни земји.