ДАМЕВА : СУДСКИОТ СОВЕТ ЌЕ ЈА ИСПИТА ПРЕСУДАТА НА АПЕЛАЦИЈА ЗА „ТАРГЕТ ТВРДИНА“

0
381

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева даде изјава во врска со пресудата на Апелационен суд Скопје за предметот „Таргет – Тврдина“:-Со оглед дека вчера дознав од медиумите за конкретниот случај, во понеделник во рамки на моите овластувања веднаш ќе преземам дејствија,  а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ќе го испита конкретниот случај и за преземените дејствија и констатираната фактичка состојба ќе бидете навремено известени.

Укажувам дека Судскиот совет нема надлежност да преиспитува, односно да оценува судска одлука, но има надлежност да ја констатира состојбата за текот на постапката во смисла на ажурно постапување и дали одлуката била донесена од страна на судија на кој му престанал мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија, рече Данева.