ОДЛУКА НА ГРАД СКОПЈЕ: МИНИМАЛНА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ЗАКУП НА ЈАВЕН ПРОСТОР ЗА УГОСТИТЕЛИТЕ

0
967

“Град Скопје продолжува со конкретните мерки за помош на скопските угостители во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот. За таа цел и оваа година Град Скопје продолжува со намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон), согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година” – истакнаа од Град Скопје.

Советот на Град Скопје минатата година веднаш по почетокот на пандемијата усвои низа мерки за помош на домашната економија, а граѓаните кои работат во стопанството да ги задржат своите работни места и полесно да ги пребродат економските последици од справувањето со глобалната пандемија.