ОСМАНИ : ЗАБРЗУВАЊЕ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ВО НАТО И ЕУ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ЛЕК ЗА СИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО РЕГИОНОТ

0
199

– Латентните хибридни влијанија, коишто навидум не ги гледаме, постојано „роварат“ на некој начин со цел да создадат плодна почва за продолжување на недовербата во регионот, на несоработката, на тензиите, бидејќи само во такви услови малигните фактори можат да остварат влијание. Во стабилни услови, во соработка, во забрзан европски процес се намалува просторот за влијание, истакна Османи.

Тој потенцира дека НАТО во овој период посветува зголемено внимание на случувањата на Западниот Балкан, што е посебно важно за нас, кои сме дел од тој регион, за да има безбедност и мир и оттука, како што рече, колку што повеќе успеваме како земја да го задржиме вниманието на Алијансата за нашиот регион, тоа е наш поголем успех како членка на Пактот.Според него, за регионот се посебно опасни растечкиот сепаратистички наратив на лидери од Република Српска во Босна и Херцеговина, што некогаш може да се смета како дел од редовна предизборна националистичка реторика.

– Меѓутоа, мислам дека тоа е опасен тренд, бидејќи се повеќе се усвојува дел од територија на таа реторика и станува дел од новото нормално во нашиот секојдневен дискурс и тогаш нема враќање назад. И затоа е многу важно сите да бидеме гласни да ги спречиме таквите трендови, а се разбира и да го охрабриме дијалогот помеѓу Србија и Косово, потенцира Османи.