ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО УНГАРИЈА ЗА ВРЕМЕ НА АЕРОМИТИНГ ЗАГИНАА ТАТКО И СИН

0
333

Две лица загинаа, а четири се повредени кога авион се урна на аеромитинг во Секешфехервар, во централна Унгарија.

Малиот авион „Тројанац“ се урнал и експлодирал, а двете лица кои биле во него загинале.

Три лица се тешко повредени и со хеликоптер се пренесени во болниците во Будимпешта, а момчето со полесни повреди со возило на брза помош е префрлено во локална болница.

Како што јавува МТИ, причината за несреќата се уште не е позната.

Организаторите ги прекинаа преостанатите настани во рамките на аеромитингот.