ОСМАНИ: ВМРО ДПМНЕ ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА, ИЗМИНАТИТЕ 20 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ СЕ ИМЕНУВАЛ КАКО ОФИЦИЈАЛЕН ИЛИ ДРЖАВЕН, СЕГА ЗА ПРВ ПАТ СО ФРОНТЕКС Е ОЗНАЧЕН КАКО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

0
401

ВО 2005 ГОДИНА ЈАЗИКОТ НИ ИСЧЕЗНАЛ ОД ДОГОВОРИТЕ СО ЕУ Османи вели дека јазикот ни еволуирал од „официјален“ преку „државен“ во „македонски“

Османи вели дека во Спогодбата за стабилизација и асоцијација се користела фразата „официјален јазик“.

Сакам да ја потенцирам тежината на тоа што се случи со потпишување на Договорот со ФРОНТЕКС, а тоа е дека конечно го решивме прашањето за јазикот. Никогаш во историјата на државата немаме потпишано договор што го одобрува Советот на Европската Унија, а ја содржи клаузулата на јазикот, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.

Тој потенцираше дека Европската комисија во своите извештаи, последен пат го споменува јазикот во 2005 година, а потоа тој исчезнува и се користи формулацијата „државен јазик.

– Комисијата го употребува во неколку наврати, потоа исчезнува, за во 2022 година да се врати на голема врата како официјален документ – додава Османи.

Тој вели дека државата имала договор со Европската инвестициска банка, но како децентрализирано тело на Унијата. И во Спогодбата за стабилизација и асоцијација се користи фразата „официјален јазик.

Министерот заклучи дека Бугарија исполнила важна точка од преговорите. Вели дека тоа што се случи со потпишувањето на Договрот може да биде потценето, но фактите се тие.